Поддршка
Ако сакате да дознаете и научите повеќе за употребата на Вашиот уред или не
сте сигурни како треба да функционира уредот, одете на www.nokia.com/
support, или користејќи мобилен уред, www.nokia.mobi/support. Исто така,
можете да одберете Menu > Help на Вашиот уред.
Ако ова не ги разреши Вашите дилеми, направете едно од следново:
● Повторно стартувајте го Вашиот уред. Исклучете го уредот и отстранете ја
батеријата. По една минута, вратете ја батеријата на своето место и вклучете
го уредот.
● Вратете ги фабричките прилагодувања.
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
11
● Ажурирајте го софтверот од Вашиот уред.
Доколку Вашите дилеми останат нерешени, контактирајте со Nokia за опции за
поправање. Одете на www.nokia.com/repair. Пред да го испратите Вашиот уред
на поправка, секогаш направете резервни копии на податоците во Вашиот
уред.