Nokia 5235 Comes With Music - Заштитена содржина

background image

Заштитена содржина

За да управувате со лиценци за дигитални права, одберете Menu > Settings и

Phone > Phone mgmt. > Security > Protected content.
Digital rights management

Прилагодувања

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

164

background image

Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија

за управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за

заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до

содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите до содржини

заштитени со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер

не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може да

побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до новите содржини

заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред.

Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на

содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини

незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата

за правење резервни копии на Nokia Ovi Suite.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценцата и

содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се форматира. Може

исто така да ги загубите лиценцата и содржината ако датотеките на Вашиот

уред бидат оштетени. Губењето на лиценцата или на содржината може да ја

ограничат Вашата можност за повторно користење на истата содржина на

Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.
Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на

заштитената содржина може да и се пристапи само ако SIM картичката е

вметната во уредот.