
Спречување на остварувањето или примањето на повици
Понекогаш можеби сакате да ги ограничите повиците што можете да ги
остварите или примите со Вашиот уред. Со забрана на повик (мрежна услуга),
можете на пример, да ги ограничите сите појдовни меѓународни или дојдовни
повици кога сте во странство.
Одберете Menu > Settings и Calling > Call barring.
За да ги измените прилагодувањата, потребна Ви е лозинката за забрана од
Вашиот оператор на услуги.
Спречување на остварувањето на повици
1. За да спречите остварување на какви било повици или на меѓународни
повици, одберете Outgoing calls или International calls. За да спречите
Прилагодувања
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
168

остварување на меѓународни повици, но дозволувате повици кон Вашата
земја, одберете International calls except to home country.
2. Изберете Activate. Забраната на повици влијае на сите повици, вклучувајќи
и дата повици.
Спречување на примањето повици
1. За да спречите примање на какви било повици или меѓународни повици
кога сте во странство, одберете Incoming calls или Incoming calls when
roaming.
2. Изберете Activate.
Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како
што се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање),
можни се и повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.
Забраната за повик и пренасочувањето на повик не можат да бидат активни
во исто време.
22. Отстранување проблеми
За да ги видите често поставуваните прашања во врска со Вашиот уред, видете
ги страниците за поддршка на www.nokia.com/support.
П: Која е мојата лозинка за заклучувањето, PIN, или PUK
кодовите?
A: Стандарниот код за заклучување е 12345. Ако го забораните кодот за
заклучување, контактирајте со дилерот на Вашиот уред. Доколку го
заборавите PIN или PUK кодот, или доколку немате примено таков код,
контактирајте со Вашиот мрежен обезбедувач на услуги. За информации во
врска со лозинките, контактирајте со Вашиот обезбедувач на пристапни точки,
на пример, комерцијален обезбедувач на интернет услуги (ISP) или
обезбедувач на мрежни услуги.