Позиционирање (GPS)
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
114
да влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот
на GPS сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки
како и временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во
внатрешноста на згради или под земја и може да бидат попречени од
материјали како што се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и
на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Во прилагодувањата за позиционирање може да се вклучат или исклучат
различни методи на позиционирање.