
За методите за позиционирање
Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата користејќи GPS, A-GPS или
позиционирање според бројот на мобилната ќелија.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е систем основан на сателитската
навигација користен за пресметување на Вашата локација. Помошниот GPS (A-
GPS) е мрежна услуга што ви праќа GPS податоци, подобрувајќи ја брзината и
точноста на позиционирањето.
Мапи
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
123

Со позиционирањето со бројот на мобилната ќелија, позицијата е откриена
преку мобилниот предавател со којшто Вашиот уред е во моментот поврзан.
Кога употребувате Мапи за прв пат, од Вас е побарано да дефинирате интернет
влезна точка за да ја користите за даунлоадирање на информации за мапа или
користење на A-GPS.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Американски Држави, која е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На точноста на податоците на локацијата може да
влијае прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на
Соединетите Американски Држави и е предмет на промена со политиката за
цивилен GPS на Министерството за одбрана на Соединетите Американски
Држави и Федералниот радионавигационен план. На точноста исто така може
да влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот
на GPS сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки
како и временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во
внатрешноста на згради или под земја и може да бидат попречени од
материјали како што се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и
на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.