Опкружување при работа
Овој уред е во согласност со упатствата за изложеност на RF во нормална
позиција на користење на увото или најмалку 1,5 сантиметри (5/8 инчи)
оддалеченост од телото. Каква било футрола за носење, спојувалка за каиш
или држач при функционирањето на телефон што се носи на тело не треба да
содржат метал и треба да го постават производот на погоре наведената
оддалеченост од Вашето тело.
За да испраќате датотеки со податоци или пораки на овој уред му е потребна
квалитетна врска со мрежата. Датотеките со податоци или пораките може да
бидат одложени се додека таква конекција не е достапна. Следете ги
инструкциите за растојанието на одалеченост се додека преносот не заврши.
За време на продолжената работа како што е активна податочна конекција со
висока брзина, уредот може да се загрее. Во повеќето случаи, оваа состојба е
Информации за производот и безбедноста
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
179
нормална. Ако се сомневате дека уредот не работи правилно, однесете го до
најблискиот овластен сервис.